Од новозаразените 417, во Скопје се 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес имаат по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип по 10 случаи, Радовиш – седум, Свети Николе, Делчево и Кратово по шест новозаразени, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар по пет, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица по три, Пехчево – два и еден нов случај има во Крушево.
Од деветемина починати во изминатото деноноќие, по двајца се од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавено е починато лице на возраст од 84 години, со датум на смрт од 24 октомври 2021, починат во болнички услови.
Регистрирани сe 329 оздравени пациенти: Скопје – 151, Куманово – 35, Велес и Штип – по 15, Кавадарци – 14, Кочани – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Струмица – девет, Гевгелија – осум, Свети Николе – седум, Неготино, Берово и Пробиштип по пет, Тетово, Кичево и Крива Паланка имаат по четири оздравени, Кратово – тројца, Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево по двајца и по еден оздравен пациент од Радовиш и Демир Хисар.
Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 201.708 од направени 1.378.530 тестирања. Оздравени се 188.024 пациенти, починати 7.108, а активни случаи во државата има 6.576.






