недела, 24 мај 2026

МЗ: 1.592 лица починаа од ковид-19 за два и пол месеци, од нив 282 лица имале примено вакцина

Објавено на

часот

Сподели

„Во период од 06 август до 28 октомври на територија на државата 45.621 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид 19, од нив 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246, граѓани, односно 73% од позитивните на к-овид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75%, додека само 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во периодот од 6 август до 28 октомври на територија на државата починале 1.592 пациенти со ковид-19, 1.310 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 282 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, се вели во соопштението на Министерството за здравство за направената анализа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ