среда, 20 мај 2026

Македонија не сака да биде извозник на ковид, сертификати се бараат за излез од земјава

Објавено на

часот

Сподели

На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е и придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на вирусот Ковид-19.

„Мерката е израз на определбата нашата земја да се препознае како држава која води активни политики за имунизација. Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен број европски и светски земји, рече Хоџа.

На новинарско прашање зошто потврдата за прележаност не трае повеќе од 45 дена, барем шест месеци како што е пракса во сите други држави, Хоџа рече дека сите мерки кој ги носи Владата се по пепорака на Комисијата за заразни болести.

„Секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува и во големиот дел на европските држави и светски треба да ги приложи истите документи, сертификат за вакцинација две дози и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, изјави Хоџа и додаде дека нема да има можност за тестирање на самите граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ