Пациентката манифестира и развива тешка ковид-презентација, изјави за Сител директорката на Инфективната клиника во вчерашниот телевизиски дневник.
Вчера од Министерството за здравство беше соопштено дека на Инфективната клиника почина 17-годишна девојка, која претходно била лекувана во болницата во Битола. Таа имала тешка форма на дијабетес, не била вакцинирана и не била веднаш хоспитализирана.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден надзор за смртта на девојката, односно се анализира целокупното лекување кај матичниот лекар и во клиничката болница во Битола.
Инаку, во Македонија од ковид-19 починаа и 15-годишно девојче и двегодишно дете, кои имале претходни заболувања.






