
Вакцинацијата, според проценките, ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 и 46,5 проценти и спречила да се заразат дополнително околу 14.500 луѓе или 148 на ден во текот на последните 3,5 месеци.
Во извештајот се наведува и дека отсуството на вакцинација би придонело, кумулативно, за дополнителни 4.595 неделни хоспитализации, односно 328 хоспитализации повеќе, неделно.
На носителите на политики им се препорачува да го забрзаат темпото на вакцинација со воведување на стимулативни мерки како на пример вредносни ваучери особено во градовите каде има пониско ниво на вакцинирано население. И на приватниот сектор му се препорачува преку стимулативни мерки да ги мотивира вработените да се вакцинираат, а новинарите и истражувачите да го зголемат нивото на информираност на популацијата за ефектите од вакцинација преку издржани и детални анализи.






