сабота, 9 мај 2026

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” ја потсетува Владата на законските обврски за референдумот

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните (член 68, став 1 и став 2), имате обврска да ја известите Државната изборна комисија да ги отвори подрачните одделенија за почнување на постапката за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво за одлучување против нацрт законот за учебници и наставни материјали во основно и средно образование.

На 28 мај 2021, претседателот на Собранието не извести дека граѓанската иницијатива е уредна и истата е доставена до претседателот на Владата. Очекуваме во најкраток рок да ја известите ДИК  да ги отвори подрачните одделенија за да можат граѓаните да го дадат својот потпис за поддршка на граѓанската иницијатива. Имаме законскиот рок за собирање на 150.000 потписи од граѓани.

Ако ние како граѓани сме должни да ги почитуваме законите и да делуваме согласно законите, тогаш од вас го очекуваме истото“, се вели во писмото на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ до Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ