вторник, 19 мај 2026

Филипче: Раководителите на институциите да ги повикаат вработените да се вакцинираат

Објавено на

часот

Сподели

Министерот рече дека може да се организираат состаноци, конференции, семинари и работилници за кои има протоколи и за влез во такви објекти во затворено ќе биде неопходно да се даде сертификат за вакцинација.

Тој нагласи дека за конкретните мерки ќе се координираат институциите задолжени за контрола.

„И досега во ингеренција на инспекторатите беше контролата и почитувањето на протоколите, како и за тоа со колкав е капацитетот на една просторија. Оваа недела ќе ги направиме тие координации за секој да си ги знае своите ингеренции. Задолжени се сите институции каде се организираат такви настани да имаат редарска служба која ќе ги бара тие сертификати и понатаму контролата преку инспекторатот. Имавме стручна дискусија и ставот е дека прележана болест, антитела, односно имунитет од прележана болест не штити доволно, не создава доволно имунитет како што создава вакцината“, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој посочи дека сосема навремено ги предлагаат сите мерки и дека пред повеќе месеци беше најавено дека е можно да бидат донесени рестриктивни мерки доколку порасне бројот на заразени.

Според Филипче, кога минатата недела почна евидентниот раст, тогаш кога се зголеми и бројот на пациенти кои се хоспитализирани и оцени дека претстојат месеци кога поголем број луѓе ќе бидат во затворен простор и дека затоа се потребни мерките.

„Ние не м0же да предвидиме дали овој раст ќе продолжи или ќе запре. Се надеваме дека ќе запре заради тоа што сепак имаме одредена бројка на вакцинирано население, околу 500 000 граѓани кои се вакцинирани и следниве недели ќе бидат ревакцинирани. Сметаме дека тоа може да го забави растот. Раст има и во другите земји, меѓутоа мора да ги преземеме овие мерки сега и тие се навремено преземени. Мислам дека ќе дадат добри резултати, бидејќи наесен ќе има поголема фреквенција на луѓе, треба да работат и училиштата“, рече Филипче.

Податоците од анкетите, како што нагласи, покажуваат дека имаме проблем таму каде мерките не се почитуваат, каде протоколите за затворените простории не се спроведувале, но и недоволната вакцинираност влијае на растот.

Филипче рече дека мерките не се донесени за да почнат веднаш да важат, туку од 16 август бидејќи се имало предвид дека граѓаните имале веќе испланирано настани и активности.

Во врска со опфатот со вакцинацијата на наставниците, истакна дека засега е околу 60 проценти.

„Имаме секојдневна комуникација со Министерството за образование и наука кое често ги комуницира директорите на училиштатата за да тие ги мобилизираат своите вработени. Ќе видиме каков ќе биде одговорот до крајот на оваа недела. Ако продолжи со оваа динамика верувам дека висок процент на вработените и во МОН во делот на училиштата и во градинките ќе бидат опфатени со вакцинацијата. Во двата сектори сега е околу 60 проценти“, рече Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ