петок, 15 мај 2026

Филипче: Можно е во август или на почетокот на септември да прогласиме крај на епидемијата

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите капацитети се сега спремни. Сега точно знаеме кој систем ако се случи некакво влошување ќе го активираме во делот на ротација на лекарите, на медицинските сестри, имаме сосема доволна количина во резерва – брзи антигенски тестови, добри надградени капацитети, се она што го работевме целиот овој период на лабораториите и на Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, доволно количина на лекови оние коишто ги обезбедивме со помош на фондациите и со помош на проектот на Светската банка, така што во делот на болничките капацитети сме целосно спремни  доколку се случи нов бран и можеме прилично брзо да интервенираме“, истакна министерот во своето обраќање.

Тој информираше дека денеска се дадени термини на 14 илјади граѓани, а од утре почнува дистрибуција на вакцините на „Синовак” во сите центри за имунизација и во центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Министерот посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина од 10 до 15 илјади вакцини на ден, како и дека од 15 или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација.

„Во однос на очекувањата следните месеци, во повеќе земји во Европа и во светот гледаме различни сценарија. Некои земји се соочуваат со нов силен бран на таканаречениот индиски сој – делта варијантата на вирусот. Тоа е вирус којшто има двојна мутација. Се смета дека е поконтаниозен од овој досега присутен, алфа варијанта, а тоа е британскиот сој на вирусот или дури и една детектирана делта плус варијанта ми се чини со некои карактеристики на јужноафриканскиот сој, а тоа беше бета вирусот“, посочи министерот за здравство.

Филипче истакна дека за да се прогласи крај на епидемијата во државата потребно е да нема нови дијагностицирани случаи два репродуктивни циклуси од 14 дена, а предвидувањата покажуваат дека ако продолжи овој тренд тоа би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година

Тој додаде дека се уште нема точни податоци, но сепак има примери за тоа дека вакцинираните имаат полесна форма на вирусот, како и дека се уште не постојат официјални ставови околу тоа дали треба да се прими трета доза од која било вакцина против Ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ