
Директорката на Инспекторатот, д-р Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.
Инспекторатот се огласи откако добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во ковид-центар, во многу лоша здравствена состојба и починало само неколку часа по приемот. Блиски родини на починатото лице дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите што биле давани, а нив во писмен допис ги посочил и здравствениот работник што извршил прием на пациентката.
Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ веднаш по претставката на здравствениот работник излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката ѝ пропишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој на сега веќе починатата ѝ давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај.
ДСЗИ, како што се додава во соопштението, од тие причини случајот го пријави во МВР.






