петок, 18 јули 2025

Нов АСНОМ: НАТО нѐ бричи

Самитот на НАТО во Холандија донесе уште една потврда дека нашето членство во НАТО, не само што беше прескапа национална губитничка егзибиција, го изгубивме името против нашата демократска волја изразена на референдумот од 2018 година, туку ќе биде економски понор во кој ние ќе одвојуваме секоја година стотици милиони евра за да ги пумпаме профитите на воените компании на нашите западни партнери. Немањето на наменска домашна воена индутрија налага на ваквиот заклучок, се вели во денешното соопштение на организацијата Нов АСНОМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Одобрената НАТО квота од 5% од БДП за делот во одбраната до 2035 година, која нашата делегација сервилно ја прифати, Шпанија ја оспори, спрема БДП од минатата година би изнесувала 767 милони евра. За споредба, капиталните инвестиции во буџетот од 2025, пред ребаласнот, се 763 милиони евра.  

Зголемените трошоци за одбрана ќе предизвика дисбаланс во буџетот и негативно ќе влијае врз и онака негативниот платен биланс со странство и зголемување на трговскиот дефицит – ќе се зголеми увозотќе увезуваме оружје, на сметка на извозот. Потенцијални кратења ќе има секаде за да се троши на одбраната наместо на нашиот развој, а зголемените трошкови во одбраната ќе наложи кратења на остатокот од буџетот кој не е законски опфтен. Ова подразбира можно кратење на капиталните инвестиции, но не е исклучено кратење во другите области каде што имаме насушна потреба за инвестирање, како на пример во образованието и енергетиката кои можат значано да бидат генератор за поголем економски раст и животен стандард на Македонците. Зголемените воени буџетски трошоци на сметка на остатоткот од буџетот е одлична формула за да се осиромашува народот и економски назадува земјава.  

1.5% од предвидените 5%, т.е. 230 милиони евра би биле т.н. ‘НАТО инфраструктурен данок’, наши пари ќе се инвестираат во инфраструктура за тенковите на НАТО брзо и ефикасно поминуваат низ нашата држава. Ќе имаме зацврстени мостови и патишта додека 74% од отпадните води нетретирано ќе ги загадуваат реките и езерата, една депонија нема да го процесира отпадот според по современите стандарди, а општинската инфраструктура ќе биде крш. Секако политичките елити ќе нѐ убедуваат дека тоа е врвот на нашиот развој како членка на НАТО.  

Решително сме против и спротивставуваме на следење на економски погубната квота од 5% која ќе го забави нашиот економски развој. Наместо трошење за одбрана, инвестициите треба да бидат насочени кон енергетиката и целта да бидеме енергетски независни, кон целосна реновација на здравствените капацитети како и нивно кадровско зајакнување“, се вели во соопштението на Нов АСНОМ.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ