среда, 13 мај 2026

Народна банка: Во рамките на СЕПА, отсега од и кон Србија ќе се плаќа во евра

Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА областа. Тоа во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи, соопшти Нродна банка (НБРМ).

Објавено на

часот

Сподели

„Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа меѓу петте најголеми партнери во надворешната трговија на земјата, што дополнително ја зголемува важноста на оваа интеграција. Оваа новина е особено значајна и за бројната дијаспора, како и за долгогодишните економски, семејни и традиционални врски меѓу двете земји, овозможувајќи поевтини и побрзи трансфери кон и од Србија“, велат од Народната банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ