среда, 1 јули 2026

Над илјада канти за отпад ќе добијат домаќинствата во велешките села

Општина Велес  во соработка со ЈКП „Дервен“ во изминатите денови вршеше дистрибуција на нови канти за отпад за домаќинствата во селата: Башино Село, Црквино, Мамутчево, Дорутовец, Чолошево, Отовица и Новачани каде што беа поделени 410 канти, а во наредните денови ќе се дистрибуираат преостанатите во: Сојаклари, Раштани, Караслари, Оризари, Бузалково, Клуковец и Бела Вода. За сите овие населени места обезбедени се вкупно 1.150 канти за отпад, информираа денеска од Општина Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Додаваат дека со оваа инвестиција  значително се подобруваат условите за правилно одлагање на комуналниот отпад, унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина во руралните средини

Тие порачуваат дека чистата околина е заедничка одговорност, а со заедничка грижа, како што велат, треба да создаваме  поздрави и поуредени населени места во општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ