среда, 16 јули 2025

На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Автомото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

„На граничните премини од македонска страна, времето на чекање на Богородица е 20-30 минути, на Табановце е 20-30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.

Автомото сојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, наведува АМСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ