понеделник, 14 јули 2025

На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути

На граничните премини Богородица и на Табановце од македонска страна се чека 20 до 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ