Во фокусот на дискусиите беа регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици, соопшти МНРиНТ.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ризици – хибридни и сајбер закани, дезинформации, миграции, нелегално финансирање и организиран криминал, кои дополнително влијаат на безбедноста и стабилноста, поткопувајќи ги институциите и јавната доверба.
На состанокот е истакнато дека политиката на проширување на Европската Унија претставува витална рамка за трансформација на општествата и унапредување на добрососедските односи, демократските стандарди и владеењето на правото. Зaеднички е констатирано дека постепената интеграција, планот за раст и заедничкиот регионален пазар значајно го приближуваат Западен Балкан до Европската Унија и го прават пристапниот процес поопиплив за граѓаните.






