среда, 20 мај 2026

Мицкоски за шпионската афера во кабинетот на претседателката: Глодари, шпионски талог

Тоа се глодари кои треба да ги заборавиме. Шпионски талог во општетвото. Вака денеска одговори премиерот Христијан Мицкоски прашан за аферата за шпионажа во кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чело со Ислам Абази, шири паника во јавноста. Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери… и тие се претставуваат како поранешни вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителствата. Се разбира, таму е Ислам Абази да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме“, рече Мицкоски.

Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ