„Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави дека штом ќе ја добие одлуката, ќе вложи жалба. Очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на повторно разгледување и повторна анализа“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.
Ако тоа не се случи, рече премиерот, тогаш навистина Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК) ќе го изгуби својот кредибилитет.
„Ова ОЈО ГОК, предводено од Ислам Абази, сме го коментирале, немам што дополнително да кажам. Јавноста знае за каков обвинител станува збор. Исто така, сакам да кажам дека во текот на вчерашниот ден јас разговарав и со јавниот обвинител Ненад Савески, кој ме информира дека не бил информиран за оваа одлука на ОЈО ГОК. Претпоставувам дека по вложената жалба од страна на АД ЕСМ, случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање“, рече премиерот Мицкоски.






