Македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток, апелираат од МНРиНТ
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, по таргетирањето на Иран, на Израел и повеќе арапски држави, вклучително и Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база на територијата на Република Кипар.

Објавено на
часот

