четврток, 4 јуни 2026

ДЗС: Засилена координација со доброволните противпожарни друштва пред летната сезона на пожари

Со цел поефикасна подготвеност и координација за справување со пожари на отворен простор во претстојната летна сезона, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, одржа два работни состанока со претставници на доброволни противпожарни друштва (ДПД) од земјава, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ДЗС, на средбите бил ставен акцент на зајакнување на координацијата во системот за заштита и спасување, со цел поефикасно дејствување при гаснење шумски пожари и при други итни ситуации.

Се разговарало и за унапредување на улогата и капацитетите на доброволните противпожарни друштва, како и за нивно поактивно вклучување во активностите за справување со пожари во текот на летниот период. Дополнително, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу ДЗС и ДПД преку организирање обуки, тренинзи, заеднички вежби и размена на искуства.

Од ДЗС посочуваат дека доброволните противпожарни друштва претставуваат важен сегмент во системот за заштита и спасување, имајќи ја предвид нивната подготвеност, искуство и посветеност во заштитата на граѓаните и имотот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ