Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А., Е.Џ. и М.Г., сите од селото Црник, општина Пехчево, поради основано сомнение дека сториле кривично дело загрозување на сигурноста.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 6 мај 2026 година на локацијата викана „Турски гробишта“, каде што пријавените биле затекнати при бесправна сеча на дрва.
Во моментот кога двајца вработени во Шумското подрачно стопанство „Равна река“ ги забележале и се обиделе да постапат согласно своите овластувања, осомничените, според пријавата, со земјоделска машина – трактор се обиделе да ги прегазат шумските работници.
По преземените мерки и целосното документирање на случајот, против тројцата жители на Црник е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.






