четврток, 4 јуни 2026

Рокас: Проблемот со депонијата во Струга е голем, потребно е итно решение

Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред сѐ затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура.

Објавено на

часот

Сподели

Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки.

„Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата не е усогласена со стандардите, но да сфатите дека е толку блиску до градот, на неколку стотини метри од куќите, многу блиску до реката и до водоснабдувањето, а исто така и до езерото, навистина е обесхрабрувачки да се види. И, секако, како Европска Унија, поддржуваме долгорочно решение, регионалниот третман отпад во Новаци. Но, таму има одредени доцнења, така што ова не е итно решение. Но, она што јас ќе го направам е дека ќе разговарам со властите и со градоначалникот за да видиме што можеме да направиме, бидејќи големината на проблемот бара итно решение“, изјави Рокас.

Градоначалникот Ќура кажа дека состојбата е непроменета и оти ангажирана е фирма која ја одржува депонија и нема да дозволи палење во летниот период.

„Состојбата на депонијата е таква каква што беше и се одржува. Бевме заедно со амбасадорот ја видовме состојбата на терен што дава надеж дека ќе се преземат мерки. Има координативно тело за регионална депонија во Новаци, доделени се средства за реализација на тој проект“, изјави Ќура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ