четврток, 4 јуни 2026

Дурмиши: Дијалогот е најсилната алатка за одржливи решенија на пазарот на трудот

Дијалогот останува најсилната алатка за постигнување одржливи и избалансирани решенија на пазарот на трудот, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во обраќањето на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето излагање, како што соопштија од Кабинетот на министерот, Дурмиши истакнал дека Владата е цврсто посветена на реформите на пазарот на трудот, модернизацијата на трудовото законодавство и зајакнувањето на социјалниот дијалог.

Тој посочил дека глобалните предизвици, демографските трендови, технолошкиот развој, вештачката интелигенција, климатските промени и геополитичките случувања носат и нови можности, но и ризици.

„Денес светот на трудот се соочува со длабоки и брзи промени. Овие процеси создаваат нови можности, но и нови ризици за работниците, работодавачите и националните економии“, истакнал Дурмиши.

Во обраќањето тој потенцирал дека активните мерки за вработување остануваат меѓу клучните приоритети, додека реформите во трудовото законодавство се насочени кон создавање современа и европска правна рамка.

Дурмиши ја потврдил и посветеноста на државата кон меѓународните трудови стандарди, нагласувајќи дека Македонија ги има ратификувано сите конвенции на Меѓународната организација на трудот поврзани со слободата на здружување и колективното договарање.

Посебен акцент бил ставен на социјалниот дијалог како клучен механизам во креирањето политики.

„Ниту една успешна реформа не може да се спроведе без силен и искрен социјален дијалог. Дијалогот е најефикасниот пат до одржливи решенија“, потенцирал Дурмиши.

Тој најавил и дека наскоро ќе биде потпишана новата Програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, која, како што посочи, ќе придонесе за создавање повеќе и подобри работни места, како и за понатамошно усогласување со европските стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ