четврток, 4 јуни 2026

Во Битола почна со работа експертска група за заштита на моликата на Пелистер

Во Битола денеска почна со работа експертска работна група формирана од македонската Влада и со цел преземање мерки за заштита и унапредување на состојбата со моликата на Пелистер.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за медиумите, директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, истакна дека во работната група членуваат експерти од областа на животна средина и шумарство.

„Во експертската група има луѓе кои се долгогодишни пријатели на Националниот парк и кои работеле научни трудови посветени на Националниот парк. Очекуваме квалитетни решенија и заклучоци кои ќе бидат испратени до Владата на Република Македонија, а потоа ќе се креираат стратешки документи. Работната група ќе изработи програма за заштита на моликовите насади и студија за обнова и ревитализација на моликовите насади“, посочи Тошевски.

Претставниците на повеќе релевантни институции, државни инспекторати, јавни установи кои управуваат со заштитени подрачја, како и други субјекти до крајот на август треба да обезбедат стручни и навремени решенија за зачувување на моликата, едно од најзначајните и напрепознатливите ендемични дрвја на Балканот и симбол на Пелистер, беше нагласено на првата работна средба на експертите во Битола.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ