понеделник, 14 јули 2025

Македонски концепт: Итно да се констатира дека Договорот за добрососедство со Бугарија е веќе неважечки

За политичката партија Македонски концепт Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е еднострано раскинат од страна на Република Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно став 13, член 3 од Договорот, со донесувањето на Рамковната позиција во бугарското Собрание и нејзиното доставување преку официјален Меморандум до Република Македонија и сите земји членки на Европската Унија на 17 септември 2020 година, Република Бугарија формално-правно го раскина Договорот.

Овој чин е спротивен на духот и содржината на Договорот и резултираше со уназадување на македонско-бугарските односи, создавање на непријателство наместо пријателство и блокирање на европската интеграција на Република Македонија.

Во тој правец, Македонски концепт бара итно: констатирање на престанокот на важноста на Договорот од страна на македонските институции; прекин на работата на т.н. историска комисија; прекин на важноста на протоколите потпишани од Никола Димитров и Бујар Османи; изготвување нова Преговарачка рамка со ЕУ.

Остануваме посветени на отворање ново историско поглавје на вистинско пријателство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и на реална интеграција во Европската Унија, цврсто следејќи ги 6-те фундаментални вредности врз кои е формирана Европската Унија“, соопшти Македонски концепт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ