понеделник, 23 јуни 2025

ЛДП денеска ќе поднесе предлог закон за отворени листи и една изборна единица

И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Остануваме доследни во својата заложба за темелни изборни реформи, изјави портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски.

Објавено на

часот

Сподели

 

„Ова не е нова иницијатива за ЛДП. Нашите пратеници во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за истата оваа реформа. За жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка. Но ние не се откажуваме“, посочува Аврамовски и додаде дека денеска преку претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, ЛДП повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието за воведување на една изборна единица и отворени листи.

 

„Како прва политичка партија која јавно ја поддржа оваа идеја, уште еднаш ја нагласуваме потребата од праведен и транспарентен изборен модел, кој ќе обезбеди еднаквост на гласот и директно на граѓаните во изборот на нивните претставници. Цврсто веруваме дека оваа промена ќе донесе поголема транспарентност, поголема одговорност на избраните претставници, како и посилна демократија во нашата земја“, изјавува Аврамовски.

 

Тој ги повика сите политички партии како и граѓанскиот сектор на отворен дијалог и заедничка работа, со една цел – конечно усвојување фер, праведен и современ изборен модел, кој ќе им служи на сите граѓани подеднакво.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ