сабота, 14 јуни 2025

Костова: Сѐ е поскапено, а животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини“

Се случува тотален дебакл на економски план. Економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена, велат од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 3,3%. Овие бројки не се само статистика – тие се реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство.

„Сѐ е поскапено. Животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини“.
Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст. Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме четврта економија во Европа се само пропаганда – тоа е една голема лага. Прво Мицкоски излажа за растот на БДП – не е 3,4% како што тврдеше, туку 3%. Но, со оглед на инфлацијата од 3,3%, нема вистински економски раст – туку реално назадување. Македонските граѓани живеат сè потешко. Куповната моќ е најниска во регионот. Нашиот БДП по жител е само 42% од просекот на ЕУ. Повиcок стандард имаат дури и Србија и Црна Гора. Ова е срамна ситуација за една европска држава,“ изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Граѓаните се оставени сами на себе. Купуваат сè помалку, сметаат секој денар, одат во продавница со страв и наместо решенија и заштита на стандардот, владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за покачување на платите – но само за функционерите.

„Работниците повторно се заборавени. Министерката за финансии дури тврди дека зголемување на платите за нив ќе предизвикало инфлација – што е апсурдно и навредливо. Ова е врв на безобразие. Работниците не заслужуваат вакво понижување. СДСМ бара итна промена на економскиот курс – Владата мора веднаш да ги зголеми платите на работниците и да преземе мерки за заштита на нивниот стандард,“ порача Костова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ