„Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата“, напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.
Кошта пристигна во Македонија
Попладнево на скопскиот аеродром пристигна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во рамки на неговата регионална посета. На аеродромот Кошта беше пречекан од Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи на Македонија.

Објавено на
часот
Сподели
Следува средбата на Кошта со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, по што ќе следува и заедничка конференција за медиумите.





