четврток, 4 јуни 2026

Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува – изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. За 9,9 проценти имало пораст за периодот 2023 – 2025 година. Се работело за 14 опфатени јавни здравствени установи. Клековски истакна дека земјава е солидна во замена на колкови, но во однос на интервенции на замена на колена сè уште заостанува зад регионот.

„Овие бројки потврдуваат дека пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува. Следува отворање на оперативните блокови на Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“ и понатамошен развој на коленската артропластика “, нагласи Клековски.

Тој се осврна и на неколкуте препораки. Така, покрај отворање на оперативните блокови на Клиничкиот центар и во ГОБ „8 Септември“, се препорачува континуиран синџир на снабдување, тендери да се распишуваат најмалку четири месеци пред истекот на договорот, групна/рамковна набавка за управување со набавки и резерви наспроти листите на чекање, стандардизација на клиничките патеки, намалување на варијациите во просечниот болнички престој мегу установите, централизиран регистар на чекање со максимален рок за неитни интервенции – препорака: до три месеци.

„Да, точно е, листите на чекање се такви какви што се, меѓу другото, во „8 Септември и на Клинички, затоа што поединци сакаат да се оперираат кај одреден хирург, а не кај некој, кај кого можеби има слободен термин“, одговори Клековски на новинарско прашање.

Клековски нагласи дека во анализата не се вклучени пациенти од приватните здравствени установи во државата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ