четврток, 14 мај 2026

Јавниот обвинител Савески се сретна со директорката на ОТА Јаническа

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари средба со директорката на Оперативно- техничката агенција ОТА Марија Јаническа на која дискутираа за соработката меѓу двете институции, клучна како гарант на ефикасноста на системот за следење на комуникациите за потребите на кривичната постапка со почитување на основните човекови слободи и права.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ОЈО, двајцата оценија дека соработката до сега се одвива непречено, но исто така постојат можности и за нејзино унапредување во повеќе области, како што е поголема искористеност на дигитализираниот систем за следење на комуникациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ