Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9.694 деца, што е 60,4 % од вкупниот број на живородените деца, а умреле 12.826 лица, што е негативен природен прираст од -3.132 лица.
Во селските подрачја во 2024 година имало 6.367 деца или 39,6 % од вкупниот број на живородените деца, додека умреле 7.375 лица, што е негативен природен прираст од 1.008 лица.
Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40,4 %, а најмало Источниот регион со 5,8 %. И во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, најголемо учество има Скопскиот со 30,3 %, а најмало Североисточниот регион со 8 %.
Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 28, додека во селските подрачја умреле 19 доенчиња.
Повеќе бракови се склучени во градските подрачја – 54,3 проценти, но и бројот на разведените бракови, 64,2 отсто, се во градските подрачја.
Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6.014 или 54,3 %, наспроти 5.052 бракови или 45,7 % во селските подрачја.
Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1.299 или 64,2 %, додека во селските подрачја има 725 разводи или 35,8 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42,2 % имаат преселбите од село во град, а Пелагонискиот регион има најголемо учество со 52,8 %.
Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот регион со 49,6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2,5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 2.603 лица, а најмало во Вардарскиот регион, односно -177 лица.