Ѓорѓиевски на неговиот официјален фејсбук профил информираше дека службите се целосно мобилизирани за брза реакција во случај на штети, поплави или други последици предизвикани од временските непогоди.
„Во постојана координација сме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции. Сите капацитети се ставени во функција, со една цел – навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици“, се наведува во објавата на Ѓорѓиевски.
Тој уште соопшти дека екипите на Град Скопје ќе останат на терен во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе биде потребно.
Градоначалникот апелира до граѓаните да бидат внимателни, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите.
„Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети. Службите се на терен. Граѓаните не се сами“, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.






