четврток, 19 јуни 2025

Филипче од Атина за македонската власт: Имаме десничарска авторитарна влада која не сака да ја придвижи Македонија кон ЕУ

Со земјата вледее десничарска влада која не сака да ја турка земјата напред во евроинтегративниот процес, изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче не денешната конференција во Атина. Филипче смета дека Пресанскиот договор решил голем проблем помеѓу Северна Македонија и Грција и ѝ овозможил на Македонија да стане земја членка на НАТО.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Важно за Договорот од Преспа е што е прв договор во последните декади постигнат меѓу две земји. Во минатото овие видови на проблеми беа решавани од други моќни сили, од други моќни земји и на други начини. Тоа е добар пример кога две соседни земји ќе можат да седнат заедно и ќе решат многу прашања“, рече Филипче на Втората меѓународна конференција во Атина во организација на Институтот „Алексис Ципрас“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Атина е и поранешниот премиер Зоран Заев кој заедно со домаќинот Алексис Ципрас, поранешниот грчки премиер ја доделија Преспа наградата за мир.

Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Ципрас и Заев.

Публиката скандираш „Слобода за Палестина“, а режисерите им се заблагодарија и на присутните, и на организаторите за наградата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ