среда, 15 април 2026

Слога пром донираше 300 пакетчиња за деца од ранливи категории во Кавадарци

Објавено на

часот

Сподели

Дополнително, компанијата и оваа година донира материјали и реквизити, согласно потребите на основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, со што ќе се олесни и унапреди образовниот процес во инклузивните паралелки.

 „Слога пром е компанија којашто потекнува од локална средина и иако од помал град – свесно се носиме со улогата и одговорностите што ги имаме кон заедницата од која сме дел и каде работиме. Новогодишни подароци за деца од ранливи категории, како и едукативна опрема за основното училиште „Страшо Пинџур“, каде учат деца со попречености, е нешто што го правиме секоја година заедно како компанија со сите наши вработени. Ваквата празнична акција и дарувањето прерасна во традиција што ќе се трудиме да ја зачуваме и негуваме и во иднина. Идејата ни е да овозможиме секое семејство, секое дете, да го почувствува духот и магијата на празниците, но во исто време сакаме да бидеме предводници на значајни позитивни промена во заедницата“, изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога пром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ