Понатаму, за доживувањето да биде целосно, а вашиот мир загарантиран, неопходно е да го оставите вашиот дом во кој сте го вложиле вашето време, љубов и дел од животот во „сигурни раце“. Планирањето и финансирањето за опремување на местото на живеење претставува една од најголемите животни инвестиции, која што со сигурност сакате да ја заштитите.
Кроација осигурување за оваа цел подготви нова продажна акција на полиси што важи за месеците јуни, јули и август. Со купување патничко осигурување во овој период, се добива промотивно намалување од 30% на полиса за домаќинско осигурување, со која што вашиот дом е заштитен во случај на кражба, поплавa, пожар и други ризици дефинирани согласно пакетот.






