Станува збор за пакет кој вклучува креми со висок заштитен фактор, препарати за регенерација, како и специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници.
Овие производи се внимателно избрани со цел да помогнат во закрепнувањето и подобрување на состојбата кај повредените.

Од Граѓанската иницијативата информираат дека набавката е направена во директна комуникација со засегнатите лица, при што се водело сметка за нивните реални потреби.
Дополнително, процесот е олеснет со поддршка од аптеки, кои излегле во пресрет со попусти.
Производите ќе бидат достапни за подигнување во младинскиот центар „Гнездо“ , каде што ќе се врши нивна распределба до оние на кои им се најпотребни.
Од „Сапорт Кочани потенцираат дека остануваат активно вклучени во обезбедување помош и поддршка за погодените граѓани во мартовскиот пожар од 2025-та, истакнувајќи дека заедништвото и хуманоста се од исклучителна важност во вакви состојби.






