„Според прогнозата на УХМР се најавува дека денеска во текот на попладневните часови се очекува можност од нестабилно време со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Апел до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на посевите, особено за пластениците“, пишува на Фејсбук министерот за земјоделство Николовски.





