среда, 15 април 2026

НБМ: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнување на економијата

Објавено на

часот

Сподели

Во својата презентација на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од ковид-19“, организирана од Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Митреска посочи дека од самиот почеток на корона кризата, централните банки и Народната банка ја олабавиле монетарната политика намалувајќи ја каматната стапка и обезбедувајќи дополнителна ликвидност за стимулирање на економската активност. 

„Покрај вообичаените инструменти за олабавување на монетарната политика, некои од централните банки на економиите во развој спроведоа и програми за зголемување на активата од државни и корпоративни хартии од вредност“, нагласи вицегувернерката Митреска. 

Таа оцени дека спроведените политики ги дале посакуваните резултати – пристапот до капитал за земјава и регионот е непречен, отворајќи простор за делување преку фискалната политика, додека кредитирањето во земјава расте и ја стимулира економската активност. 

„Ефективноста на централните банки и поддршката што ја обезбедија беа едни од носечките столбови во економското закрепнување и ублажување на ефектите од кризата врз економијата. Ако банкарскиот сектор беше еден од главните извори од каде што потекна светската финансиска криза, сега тој е еден од главните фактори за постпандемиско закрепнување“, посочи Митреска. 

Глобалната финансиска криза, според Митреска, придонела за преосмислување на глобалната финансиска регулаторна архитектура, со нови стандарди, алатки и практики за поголема претпазливост. Оттаму, рече Митреска, банкарскиот сектор и во земјава и воопшто, ја дочека кризата стабилен и во добра форма, којашто дури и зајакна за време на пандемијата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ