среда, 15 април 2026

Над 11 илјади фармери добија субвенции за обележани грла говеда, кози и задржано женско јагне

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски информира дека се исплатени и средства за 206 тутунопроизводители кои ги подмириле долговите за вода и пашарина. На сметките на тутунопроизводителите се префрлени 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколтата 2020.

„Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка“, вели Бачовски.

Според Агенцијата, политиката на неселективна исплата на субвенции продолжува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ