Екологистите пак, предупредуваат дека медалот има и друга страна, а таа вели дека малите хидроцентрали можат да влијаат на уништување на екосистемите, да влијаат врз опстанокот на живиот свет каракатерстичен за регионите каде се во функција овие хидроцентрали.
Но, како што објави порталот Фактор, интересни се бројките за парите кои, „во крајна линија сите ние граѓаните ги плаќаме за ‘зелените киловати или мегавати’ кои ги произведуваат малите хидроцентрали“, а листата на мали профитни хидроцентрали кои лани оствариле профит доволно говори за овој бизнис.







