„Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс период, а тоа е Изборниот законик. Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво за македонскиот идентитет во СДСМ, на раководство на СДСМ најлесно им е да коленичат, наместо да работат. Но, доказ дали сте за Европа не е само исполнување на уловот Бугари во Устав, туку има уште многу посуштински работи коишто треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат таму каде што коленичат“, рече Мицкоски.






