среда, 15 април 2026

Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите со буџет од 5 милијарди евра

Објавено на

часот

Сподели

Во законот се утврдени процедурите и постапките согласно коишто македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот.

Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во Македонија во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји-членки.

Економските оператори коишто сакаат да учествуваат во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки се евидентираат во евиденција на економски оператори што ја води Министерството за одбрана.

Членството во НАТО треба да делува како катализатор на економскиот раст. Со подобрување на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот се очекува и поголем раст на странските инвестиции.

Од Министерството за финансии во прилог на ова ги наведуваат примерите со повеќе земји-членки на НАТО. Во Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од 7 проценти на 19,8 проценти од БДП. Во Албанија тие се двојно поголеми, или од 5 проценти на 9 проценти од БДП. Во Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, додека кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти.

Воедно, во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ