
„Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице). Издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад“, се наведува во соопштението од ДИЖС.
Во него се додава дека Државниот инспекторат за животна средина постојано врши контроли врз примената на минималните технички услови на депониите на кои се отстранува отпадот од страна на општинските јавни комунални претпријатија.






