Фестивалот на отворено кој се одржуваше насекаде низ Крушево и неговата околина вклучуваше бројни активности на отворено како, планинарење, трчање, велосипедизам, адреналински параглајдинг погледи, кајак и SUV, незаборавни јавања на коњи низ крушевската природа, забавни и други настани.

When in Krusevo беше збогатен и со многубројни концерти на отворено и размена на многу позитивна енергија. Халк банка во рамките на поддршката на фестивалот донираше и 10 корпи за селекција на отпадоци кои беа поставени околу Крушевското езеро и кои, не само што придонесаа по многубројните настани околината да остане почиста, туку и во иднина ќе придонесуваат за преубавото Крушево да биде без отпадоци.







