„Верувам дека е работа на денови кога ќе бидат донесени законските измени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било“, рече Битиќи.
Според него, ако сакаме да живееме во подобро, битен е секој денар, а токму еколошката такса, како што нагласи, е еден од изворите на финансирање на проектите што се од значење за граѓаните.
Битиќи оцени дека граѓаните сами ќе си кажат кој е планот „б”, доколку ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива го блокираат носењето на еколошката такса.
Според планот на Владата, безоловниот бензин со еколошката такса ќе добие цена повисока за 3,1 отсто, а кај останатите горива и мазутот зголемувањето ќе изнесува 3,5 денари.






