На настанот за официјализирање на договорот и презентација на услугите на Норвинд присуствуваа и претставници од амбасадата на Руската федерација во Македонија, меѓу кои и трговскиот советник Владимир Хрисанфов и конзулот на Руска федерација Хизраев Шамил. Тука беше и Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија.
Договорот беше потпишан од Олга Флигина, директорка за продажба на Нордвинд, како и Глеб Богданов, менаџер за односи со агенции на Нордвинд и Ирина Бешлиева, генерален директор на „Атлас плус”.
Авиокомпанијата Нордвинд неодамна ја воспостави директната линија Скопје-Москва на 4 јуни (оваа година), со по два лета неделно – во понеделник и петок, со што по 20-годишна пауза, повторо се воспостави воздушната врска помеѓу Македонија и Русија.
„Посебно е задоволството и чест, што нашата агенција е избрана од Нордвинд. Ова е потврда за нашата професионалност и 20-годишна работа во оваа област, но ова е воедно и голема обврска и предизвик. Среќни сме што може да дадеме свој придонес за збогатување на понудата за македонските патници, но сакам да истакнам дека ние со посебен фокус ќе работиме на зголемување на инкаминг туризмот, бидејќи нашата соработка е секако двонасочна и во корист на обете земји. Изразувам благодарност за поддршката и довербата од страна на тимот на „Нордвинд” и верувам дека заедно ќе нижеме бројни успеси”, рече Ирина Бешлиева, генерална директорка на ТА Атлас плус.
Атлас плус стана генерален застапник на Нордвинд за македонскиот пазар

Објавено на
часот





