понеделник, 14 јули 2025

ДЗР: Во прилепскиот суд техничкиот персонал се вработува без воедначени критериуми, нема ниту одредби за утврдување плати

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023 година, а со резерва е прифатена и нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи и ниваната усогласеност во овој суд кој доби осум препораки за отстранување на неусогласеностите. Според ревизорскиот извештај објавен денеска од страна на Државниот завод за ревизија (ДЗР), на ваквите состојби големо влијание имаат и системските слабости.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според ДЗР, во ревизорскиот извештај, меѓу другото се набележани низа недоследности и неусогласености. Судот не вршел попис и усогласување на сметководствената со фактичката состојба на паричните средства и обврски по основ на судските депозити.

„Не е воспоставена сметководствена евиденција и нецелосни се податоците во апликацијата АКМИС за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети, а не е извршен ниту нивен попис. Поради неводење евиденција во дневник, не е обезбеден целосен увид во состојбата и движењето на средствата на секој депозит по одделни предмети, нема целосен преглед на севкупното работење со средствата на депозитите од претходната година, а уплатените депозити за увиди на лице место со решение се исплатуваат на судија, записничар, возач и за гориво за службено возило, но не се донесени и акти во кои е предвидено како се пресметува износот за гориво и трошоците за увид на лице место“, пишува меѓу другото во ревизорскиот извештај.

Системските слабости, во работатата на судовите, констатирал ДЗР, придонесуваат за ваквите состојбите, зашто нема одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат техички и помошни работи, различните услови за пополнување едно работно место во судовите предизвикуваат дилема,  не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење судски депозити и постои неусогласеност на законската со подзаконската регулатива за утврдување сопственост на застарените депонирани предмети.

„Како системска слабост се констатира и фактот што судската власт од Буџетот не ги добива законски предвидените 0,8 проценти од брутодомашниот производ (БДП), туку само 0,3 проценти“, се наведува во ревизорскиот извештај на ДЗР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ