понеделник, 14 јули 2025

Денеска 22 пожари, активни се уште 5

Денеска на територијата на Македонија имаше вкупно 22 пожари, од кои 15 се изгаснати. Активни се 5, под контрола е еден пожар и еден е локализиран, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите на териториите на општините Прилеп (Бешиште – гори мешана шума), Македонски Брод (село Црешнево, гори деградирана дабова шума и грмушки),
Чашка (под Солунска глава, кај изворите на Бабуна и Бабина дупка, шумски пожар), Чучер Сандево (помеѓу селата Блаце и Чучер, гори мешана шума и ниска вегетација) и Сарај (село Љубин, гори ниска вегетација и борова шума).
Под контрола е пожарот на територијата на Општина Ѓорче Петров и Општина Карпош, населба Геге и болницата во село Бардовци (ниска вегетација). Локализиран е пожарот на градската депонија во Делчево.
Изгаснати се 15 пожари во општините Шуто Оризари, Кисела Вода, Гази Баба, Прилеп, Валандово, Велес, Пробиштип, Карбинци, Берово, Куманово, Тетово и Гостивар.
По пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство информира дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.

„Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата“, соопшти Министерството за здравство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ