Пожарот се наоѓа на непристапен терен, поради што противпожарните екипи не се во можност да интервенираат од копно.
Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.
ЦУК побара итна воздушна поддршка, а воздухопловот е во фаза на техничка подготовка и се очекува наскоро да полета.