вторник, 12 мај 2026

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР, устен демарш за употребата на зборот „северномакедонски“

Жељазко Радуков, амбасадорот на Бугарија во Македонија, денеска е повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, при што му беше упатен устен демарш, се вели во одговорот на прашањето на МКД.мк на МНР за официјална реакција на земјата по вчерашната употреба на зборот „северномакедонски“ од страна на новата министерка за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.

Објавено на

часот

Сподели

„На амбасадорот Радуков му беше упатен устен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот ‘северно-македонски партнери’“, се вели во одговорот на Министерството за надворешни работи на Македонија.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ