вторник, 12 мај 2026

Aвтопатот Охрид-Кичево готов догодина, а Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола во 2029 година

Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист до првиот квартал 2027 година, а за  автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола рокот на изградба е до 2029 година, истакна вицепремиерот Александар Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид на целата траса на автопатот Охрид – Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

„Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист, a тој е до првиот квартал 2027 година. Ќе го завршиме во тој рок и тој рок не беше зададен од нас, беше зададен од поранешната влада која ништо не работеше и даваше само рокови. Во првиот квартал од следната година ќе имаме функционален автопат од Охрид до Кичево. Во однос на траста од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, рокот е 2029 година. Истиот рок е и за автопатот Прилеп – Битола со што таму очекуваме едната лента да биде готова првата половина од 2027 година”, изјави Николоски.
Во рамки на денешната обиколка на трасата на автопатот Охрид -Кичево, тие извршија увид и на клучката Требеништа која неодамна беше пуштена во употреба.
„Имаме два специфични делови, едниот дел од над Кичево до влезот во тунелите кај Пресека, тука имаме стабилизација на косини преку Галерии- најмодерно инженерско решение што може да се најде во моментов. Паралелно со тоа можеби и најголемиот проблем е кај селото Ботун. За жал до крај на 2024 година не биле изведени геотехнички истражувања. Тие истражување кои што ги направивме ние, ни дадоа дека се работи за земјиште со лош квалитет за голем инфраструктурен проект со многу вода и песоклив терен и за да се заштити тој терен ќе се изградат шест објекти кои влегуваат длабоко во земја до 21 метар или колку една осумкатница, односно сликовито кажано шест осумкатници ќе спуштивме во земја за да го заштитиме земјиштето”, рече вицепремиерот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ